-Кадровското и техничко доекипирање на одделението за легализација, зголемениот бројот на комисии кои излегуваат на терен и јавното доделување на решенијата на неделно ниво го даваат својот резултат, но сепак, неопходна е соработка со сопствениците на нелегално изградените објекти, чија доставена документација до општинските служби мора да биде комплетна-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Уште еднаш, апелираше да не се злоупотребува процесот на легализација и потенцираше дека дека нелегалното градење во овој вакуум простор е забрането и казниво.
- Сакам да Ве информирам дека Општинската градежна инспекција е перманентно на терен и секоја нелегална градба која ќе се детектира, а истата не е подведена под Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно нема легална документација за градба, веднаш ќе биде срушена-потенцираше Беличанец-Алексиќ.