Подобрувањето на динамиката на легализација на дивоградбите се должи на повеќето технички мерки кои ги воведовме, но сепак, одговорноста ја носат и лицата кои нелегално ги поседуваат објектите и кои треба да ги запазат законски предвидените рокови за доставување на документите-истакна во своето обраќање пред присутните градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.
-Заклучно со денешниот ден , бројот на лицата кои немаат доставено геодетски елаборат изнесува 3877. Се надеваме дека тие граќани нема да го чекаат крајниот рок , кој согласно последните владини измени е пролонгиран до 31.12.2015, истакна Беличанец-Алексиќ.
Додаде дека легализацијата на дивоградбите е во заеднички интерес. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кој ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што е и крајна цел на овој процес.