На репертоарот му се најдоа и повеќе популарни светски хитови и македонски евергрини, кои очигледно и се допаднаа на публиката, па пееше заедно со него.
По целовечерниот концерт на Ѓоко Танески, културните случувања на “Три круши” продолжуваат. Вечерва, со почеток во 20 часот и 30 минути, ќе има кино проекција на фимот “Трето полувреме”, во режија на Дарко Митревски во кој главните улоги ги толкуваат Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски , Мето Јовановски, Тони Михајловски и други.