Инаку, филмот “Трето полувреме” на режисерот Дарко Митревски премиерно беше прикажан на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа манаки” во Битола. Ја освои наградата од публиката за најдобар филм на 14-тиот Еврејски филмски фестивал во Атланта, САД. Од страна на публиката е прогласен за најдобар филм на 18-тиот Еврејски филмски фестивал во Детроит, САД. Во Австралија ,наскоро ќе биде издаден на ДВД. Беше и македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје.
Општина Кисела Вода би сакала да ве информира дека најавената театарска претстава “Не се клади на Енглези” која требаше да се емитува вечерва е одложена од технички причини. Настаните кои се дел од културното лето “Три круши” продолжуваат следната недела.