Дискутирајќи за можностите на општината и предизвиците со кои се соочува, соговорниците се фокусираа на изградбата на новото училиште во населбата Драчево, “ Рајко Жинзифов”, кое е целосна донација од НР Кина.
Анализирајќи ја динамиката на работа и двајцата изразија надеж дека на 1 септември, учениците од овој дел на градот ќе ја почнат учебната година во новиот објект, кој ќе биде урнек за сите други училишта во Скопје.