07/25 2014
Ветувајќи им на присутните дека напорите што оваа локална самоуправа ги прави за да ги обезбеди најдобрите можни услови за раст и развој на новите жители на општината ќе продолжат со засилена динамика, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека овој проект ќе продолжи и понатаму.-Се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6000 денари која денеска ја доделуваме за 41то новороденче, од кои 24 се машки, а 17 женски, ќе Ви излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Воедно, би сакала да потенцирам дека овој проект кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на мојот мандат-нагласи Беличанец-Алексиќ.
![](/images/25.07.beb7.jpg)
![](/images/25.07.beb2.jpg)
![](/images/25.07.beb1.jpg)
Критериумите кои се потребни за добивање на еднократна парична помош на семејствата со принова се следните: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
![](/images/25.07.beb3.jpg)
![](/images/25.07.beb5.jpg)
![](/images/25.07.beb6.jpg)