На повеќе локации низ општината, беше поделен информативен материјал-летоци, налепници и сенки за автомобил, со едукативна содржина за возачите, додека полициските службеници ги запознаваа граѓаните со мерките за превенција и самозаштита кои треба да ги преземат како би се намалил бројот на извршени кривични дела од овој тип.
Подигнувањето на безбедносната култура кај сопствениците на возила, редовното присусво на полициски патроли и зајакнување на довербата и соработката меѓу граѓаните и полицијата, која преку вакви и слични проекти треба да се достигне, треба да донесе зголемување на чувството на сигурност и безбедност на граѓаните во нивните населени места.