Кризниот штаб на општина Кисела Вода е активиран и подготвено и активно се следи состојбата околу временските услови и евентуалните нови врнежи, со цел да се спречат нови штети.
Посебно би сакале да се заблагодариме на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, сите јавни претпријатија, Полициската Станица- Кисела Вода и ЕВН-Македонија кои веднаш одговорија на повикот на општина Кисела Вода за помош при расчистувањето на последиците од вчерашното големо невреме кое зад себе остави голем број на паднати дрвја, поплавени улици и објекти.