Црквата на ова место е изградена по иницијатива на месното население во 1903. Жителите на Црниче, копајќи, наишле на закопана икона на Св. Петка и врз основа на тоа, побарале дозвола за изградба на црква од тогашната турска власт. Најпрво во 1908 била изградена помала црква, а темелите на сегашниот свет храм се осветени во 1911 година. Првобитната црква била изградена во вид на ротонда. Осветена била во 1924 година. Подоцна била проширувана, а по земјотресот во 1963 година бил направен параклисот на Св. Константин и Елена. Во дворот биле изградени административни простории со библиотека. Камбанаријата била изградена во 1966 година.
Со желби за духовен мир и спокојство, Општина Кисела Вода им го честита празникот на сите православни христијани кои денес го одбележуваат овој празник.