- Со цел да им се излезе во пресрет на сите граѓани, Владата на Република Македонија го продолжи рокот за доставување на потребната документација до 31.12.2015, додека општина Кисела Вода воведе повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите. Резултатите се евидентни. Од вкупно 11 874 достасани предмети, решени се 3062 -истакна градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ пред присутните, потенцирајќи дека се намалува и бројот на граѓани кои немаат доставено геодетски елаборат и заклучно со денешниот ден, нивниот број изнесува 3802. Наведе и дека се изготвени 72 урбанистички согласности, од кои за 62 се чека уплата за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
- Заокружување на процесот на легализација ќе биде заеднички успех. На овој начин и жителите на општината кои во овој момент поседуваат дивоградба, заедно со општината, ќе можат да делуваат во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа- додаде градоначалникот Беличанец-Алексиќ.