Наведениот настан ќе биде збогатен и со присуство на Ди џеј кој што ќе придонесе учесниците и посетителите да се забавуваат за времетраењето на настанот.
Овој настан “Вечер на графити” општината и Градоначалникот г-ѓа Билјана Беличанец Алексиќ го организираат како рефлексија на современиот начин на живеење со цел будење на креативниот дух кај младата популација, инспирирање на младите да направат нешто добро и позитивно од своето слободно време и поттикнување на дружењето помеѓу помладата популација како општествен феномен на кој во последно време младите посветуваат многу мало внимание.
Ве очекуваме на “Вечер на графити“, заеднички да и дадеме поддршка на нашата млада популација.