Бројната публика имаше можност да ужива во едночасовната изведба на триото Виварт, во состав Билјана Петровска (пијано), Милена Тодороска (виолина) и Петар Колевски (кларинет), кое преку својот карактеристичен звук, тонска боја и посебните аранжмани дадоа свој печат во пренесувањето на музичката мисла на овој светски великан со полско потекло.
Општина Кисела Вода четврта година по ред, преку одделението за култура, организира вакво свечено чествување на Фредерик Шопен. Имено, ова е единствената општина во Република Македонија, во која една улица е именувана по овој светски музичар, а во 2010, беше отворен и паркот Шопен во кој се одвиваше денешниот настан.
Добрата соработка ќе продолжи и понатаму, беше заклучокот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Беличанец Алексиќ и на амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Мултановски, кои по завршувањето на концертот, продолжија со и разговор во Кабинетот на градоначалникот.
Таму, беа изнесени повеќе конкретни идеи за заеднички проекти, во насока на продлабочување на соработката меѓу полската држава и општина Кисела Вода.