Имено, согласно постигнатиот договор со ЈП “Комунална Хигиена” на минатонеделниот состанок во општина Кисела Вода, на која, освен градоначалниците на општина Кисела Вода и на град Скопје, Билјана Беличанец-Алексиќ и Коце Трајановски, присуствуваа и директорите на Јавните Претпријатија, на повеќе локации на територија на општината, ќе бидат поставени големи контејнери за одлагање на кабаст и волуменозен отпад ( стар мебел, душеци, стари електрични уреди и сл.).
Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, ги известува граѓаните кои живеат во овој дел од градот дека доколку имаат ваков отпад, можат уредно да го депонираат на следните локации во следните термини:
Термин: 07.11.2014 год. петок
- Месна заедница село Драчево (парк) кон.тел. 071/391-237
- Урбана заедница Расадник (ул.Народни Херои, до контејнерите пред СП Маркет) кон.тел. 070/294-434
- Месна заедница Припор (ул.Христо Татарчев крак 14) кон.тел. 071/262-883
- Урбана заедница Кисела Вода (ул.Ѓорѓи Димитров бр.52, Дом за слепи лица) кон.тел. 071/391-177
- Урбана заедница Бирарија (ул.Томе Арсовски бр.30) кон.тел. 072/313-319
- Месна заедница Пинтија (ул.Саса, Парк Детски сон) кон.тел. 071/391-214
- Урбана заедница Цветан Димов (ул.Емил Зола, кај постоечките контејнери) кон.тел.072/314-953
- Урбана заедница Цветан Димов (меѓу ул.Невена Георгиева Дуња бр.15 и ул.Драга Стојановска бр.8-а) кон.тел.072/314-953
Термин: 08.11.2014 год. Сабота
- Урбана заедница Црниче (ул.Наум Охридски) кон.тел. 071/391-167
-Урбана заедница 11 Октомври-згради (ул.Пушкинова бр.4,парк Пушкин) кон.тел.071/391-244
- Урбана заедница 11 Октомври-згради (ул.Михаил Чаков бр.4, Топлана) кон.тел.071/391-244
- Урбана заедница 11 Октомври-бараки (пред урбана заедница ) кон.тел.071/391-176
- Урбана заедница Населба Драчево (ул.Коперникова) кон.тел.071/391-230
- Урбана заедница Населба Драчево (ул.Димитрија Чуповски меѓу зграда 76 и 78) кон.тел.071/391-230
- Урбана заедница Расадник (ул.Христо Татарчев 47/1 наспроти ЈДГ 8-Ми Март) кон.тел.071/391-244
- Месна заедница Подстаница (месност Дупки) кон.тел.071/391-250
Термин: 09.11.2014 год. Недела
- Урбана заедница Пржино (спој на ул.Пржино и ул.Кавалска) кон.тел.071/391-164
- Урбана заедница Бирарија (Шампионче) кон.тел.072/313-319
- Урбана заедница Цветан Димов (пред студентски дом Пелагонија) кон.тел.072/314-953
- Урбана заедница Цветан Димов (ул.Христо Татарчев 20 наспроти Општината) кон.тел.072/314-953
- Урбана заедница Цветан Димов (ул.Георги Димитров зад СЕУ "Васил Антевски Дрен") кон.тел.072/314-953
- Месна заедница Усје (Бул.Борис Трајковски, месност Градинар) кон.тел.071/391-204
- Урбана заедница Кисела Вода (ул.Георги Димитров зад ОУ "Круме Кепески") кон.тел.071/391-177
- Урбана заедница Кисела Вода (последна автобуска постројка 24) кон.тел.071/391-177