Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, ги известува граѓаните кои живеат во овој дел од градот дека доколку имаат ваков отпад, денес можат уредно да го депонираат на следните локации:
- Месна заедница село Драчево (парк) кон.тел. 071/391-237
- Урбана заедница Расадник (ул.Народни Херои, до контејнерите пред СП Маркет) кон.тел. 070/294-434
- Месна заедница Припор (ул.Христо Татарчев крак 14) кон.тел. 071/262-883
- Урбана заедница Кисела Вода (ул.Ѓорѓи Димитров бр.52, Дом за слепи лица) кон.тел. 071/391-177
- Урбана заедница Бирарија (ул.Томе Арсовски бр.30) кон.тел. 072/313-319
- Месна заедница Пинтија (ул.Саса, Парк Детски сон) кон.тел. 071/391-214
- Урбана заедница Цветан Димов (ул.Емил Зола, кај постоечките контејнери) кон.тел.072/314-953
- Урбана заедница Цветан Димов (меѓу ул.Невена Георгиева Дуња бр.15 и ул.Драга Стојановска бр.8-а) кон.тел.072/314-953
Акцијата се спроведува согласно постигнатиот договор со ЈП “Комунална Хигиена” на минатонеделниот состанок во општина Кисела Вода, на која, освен градоначалниците на општина Кисела Вода и на град Скопје, Билјана Беличанец-Алексиќ и Коце Трајановски, присуствуваа и директорите на Јавните Претпријатија, меѓу кои и директорот на ЈП Комунална Хигиена Ракип Дочи.