Во организација на Одделението за образование при општината, младите вљубеници во убавиот пишан збор, заедно со своите наставници по македонски јазик, кои се одговорни за водењето на литературните и библиотекарските секции, имаа можност подетално да се запознаат со животот и делото на браќата Миладиновци.
Ја посетија нивната спомен соба, а преку разговорот со раководителот на библиотеката се информираа и за програмските актвности на институцијата, можноста за станување член на библиотеката и 24-часовната достапност на читалната за членовите.
Ги посетија и одделите за литература за деца, за англиска литература и периодика, а посетата ја заокружија со заеднички договор за организирање на средба со писатели во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”, која ќе се одржи на крајот до месец ноември.