Општина Кисела Вода потпиша Меморандум за соработка со УСАИД, преку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, согласно кој, фирмата изведувач “Макотерм-Скопје”, избрана на тендер од страна на УСАИД, во левото крило на училиштето постави нова електрична инсталација и електро опрема.
Вкупната вредност на овој прoект изнесува 1 356 000 денари. Од нив, УСАИД обезбеди 1 200 000 денари, а општината дополнително учествува со 10% од оваа сума. Интервенциите во електричната инсталација се изведуваа по проект на ДАДИТИА "Архитектри" ДОО Скопје, за кој финансиските средства ги обезбеди училиштето.
Во ОУ "Кузман Шапкарев", настава посетуваат 660 ученици.