Што значи сместување во згрижувачко семејство, кој има право на сместување во згрижувачко семејство, кој може да биде згрижувач и кои се неговите права и обврски, беа темите кои беа опфатени и на кои одговор можеа да добијат присутните граѓани.
Согласно законот, семејство кое сака да му помогне на дете кое се наоѓа во тешки услови за живеење, треба да исполни одредени законски критериуми во однос на׃ возраста, образованието, здравствената состојба, материјалните и станбените услови и моралната подобност. Околу подобноста за згрижување, проценува и одлучува стручен тим од Центарот за социјална работа од општина Кисела Вода.
Згрижувачот добива обука, стручна помош и подршка од страна на стручниот тим на Центарот за социјална работа, како и соодветен паричен надоместок.
Повеќе информации околу постапката и условите за пријавување на заинтересираните граѓани, може да се добијат во Центарот за социјална работа при општина Кисела Вода, во Меѓуопштинскиот центар за социјални грижи на град Скопје и од веб страната на Министерство за труд и социјална политика - www.mtsp.gov.mk, на мејл адреса –Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на бесплатниот телефон 15 505, а секако, и во општина Кисела Вода, на телефон 2785-462.