15 ученици, на возраст од 16 до 24 години, кои аплицираа и добија можност да бидат учесници во проектот, изминатата седмица работеа на тема “Работа во заедницата и идентификување на локални проблеми”. Истите, викендов имаат активности за проектно планирање, тимска работа и лидерство, додека, веќе од утре, започнува третиот модул кој има за цел младите да ги обучи за имплементирање на локална иницијатива.
Обулите се бесплатни и ќе финишираат на 24ти декември.