Проектот беше реализиран од страна на учениците и нивните ментори од основните училишта ООУ„Браќа Рамиз-Хамид“ од општина Шуто Оризари, ООУ„7ми Марси“, општина Чаир и ООУ„Кирил Пејчиновиќ“, општина Кисела Вода.
Беше изведена тројазична драмска престава „Оркестар“ , песната „Една улица“ на македонски, ромски и албански јазик. Свој придонес дадоа и учениците од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода, изведувајќи ја точката „Фејсбук“.
Проектот беше посетен од претставници од општината Кисела Вода од Секторот за образование, култура и спорт за млади.