32 хумани луѓе од вкупно 36 пријавени, денес, во Големата сала на општина Кисела Вода, даруваа од оваа драгоцена течност и со тоа ја изразија својата хуманост и солидарност. Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.
“Вашата крв спасува живот” е мотото под кое се одвиваше денешната крводарителска акција. Истата, во општина Кисела Вода е традиционална и се одвива неколку пати годишно.