- Почитувани родители, на истекот сме од оваа 2014 година во која и вам, како родители и нам, како локална самоуправа, ни се исполни една голема и убава желба. Вие добивте нов член во вашето семејство, а ние, пак, нов жител на општина Кисела Вода.
Желбата да обезбедиме најдобри можни услови за растот и развојот на секој поединец кој живее на оваа територија, ја докажуваме секојдневно, преку сите наши заложби, сите дела, сите реализирани проекти. А бидејќи секој пат, па и оние најдолгите, каков што е нашиот, започнува со првиот чекор, за првите потреби на вашето новородено дете, општина Кисела Вода денеска ќе ви додели ваучер во вредност од 6000 денари-истакна Претседателот Донев.
Доделувајќи ги ваучерите, тој уште еднаш ги спомена критериумите и ги повика сите родители кои ги исполнуваат да ја поднесат потребната документација до административните служби, како и можеле и тие да го остварат своето право на парична помош од општина Кисела Вода. Овој проект, кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, беше донесен на иницијатива на градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и акламативно поддржан од Советот, ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на нејзиниот мандат.