Во овој училишен објект, во кој настава посетуваат 800 ученици во 33 паралелки, се врши замена на старите и дотраени прозорци со нови, со што, покрај подобрувањето на естетскиот лик, се добива и подобрување на енергетската ефикасност на училиштето, што е зацртан курс на движење на општина Кисела Вода и во годината што е пред нас.
Активностите течат и треба да бидат завршени за време на зимскиот распуст, по кој учениците ќе се вратат на настава. Проектот е вреден 15 000 евра. Нив, како целосна донација ги обезбеди фирмата Цементарница Усје, во рамките на својата програма за општествена одговорност.