Почетната цена на јавното наддавање за градежните парцели е 4.300 денари за метар квадратен. Ќе се врши чекорно наддавање со зголемување на вредноста на секој чекор не помалку од 430 денари.
Вкупниот депозит за учество на наддавањето изнесува 700.000 денари, а банкарската гаранција е со износ од 20.000 евра.
Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица државјани на Република Македонија и на членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија. Право на учество имаат и домашни правни лица, односно правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на ЕУ и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.
Со банкарската гаранција во износ од 20.000 евра, во денарска противвредност за сериозност на понудата, заинтерсираните физички и правни лица ќе гарантираат дека ќе ја уплатат крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање. Гаранцијата ќе има рок на важност до 04.05.2015 година.
Пријавите за учество на јавното наддавање за ГП 5.1 можат да се достават до 23.03.2015 година на интернет адресата www.gradeznozemjiste.mk. Јавното наддавање, ќе се оддржи електронски на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk. Ќе започне на 27.03.2015 година, во 10:00 часот и истото ќе трае 15 минути.
Објавата за продажба на земјиштето и сите дополнителни информации се објавени во весниците Дневник, Вест и Вечер, како и на интернет страната на Општина Кисела Вода, www.kiselavoda.gov.mk.