Со неговото потпишување, оваа локална самоуправа ја изразува својата поддршка за водењето на антикорупциска политика, како политика на интегритет. Истиот дава насоки за продолжување на активностите кои општина Кисела Вода во континуитет ги презема за спречување на коруптивното однесување, за продолжување на совесното, професионално, одговорно и етичко однесување на вработените во општиснската администрација, во насока на спроведување на политиката на чување на инегритетот на општината.
Документот се потпишува на иницијатива на УНДП, ЗЕЛС и ДКСК, coцел да се промовира важноста на интегритетот, отчетноста, транспарентноста нa локално ниво.