Свежо цвеќе на спомен плакетата на Шандор Петефи, која се наоѓа на истоимената улица во населба Драчево, покрај Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при општина Кисела Вода, положија и амбасадорот на Унгарската амбасада во Република Македонија неговата екселенција д-р Јожеф Бенце како и претседателот на здружението на Унгарците во Македонија Јожеф Шутуш.
Пред присутните граѓани на настанот имаше обраќање амбасадорот на Унгарската амбасада во Р.Македонија, кој истакна дека е задоволен од општина Кисела Вода која продолжува со негување на културните и историските традиции на Унгарците кои живеат на територијата на Република Македонија, со што дава свој значаен придонес во зближувањето на двата народа, унгарскиот и македонскиот.