Заеднички се дискутираше околу можноста за изнаоѓање решение за проблемите од комунален и инфраструктурен карактер кои беа најчести, а граѓаните беа информирани и за тековните и планирани градежни активности кои во периодот кој следува треба да се одвиваат на овој дел од општината.
Пред се, за планираната изградба на трите летниковци во близина на булеварот “Борис Трајковски”, најавата за изградба на атмосферска канализација и проширување на паркинг просторот кај улицата “Пушкинова”, во населбата 11 Октомври-бараки-предвидената изработка на проектно-техничка документација за изградба на атмоферска канализација на улицата “Браќа Грим”, за фекална канализација и асфалтирање на влезот на улицата “Трајко Иванов” во близина на игралиштето, за асфалтирање или поплочување со павер елементи на две улици што се протегаат паралелно со булеварот “Србија”...
И вчерашните, се дел од средбите на градоначалникот Беличанец-Алексиќ со граѓаните во сите 15 месни и урбани заедници кои продолжуваат вечерва. Во 18 часот се закажани средби со жителите на месните заедници Цветан Димов и Бирарија, а во 19:30 со жителите на Усје.