Од постигнатите резултати колку е мала разликата во квалитет може да се види и од самата табела каде првопласираната екипа на М.З. Бирарија од второ пласираната М.З. Пинтија и бега само за еден бод, а на трето пласираната М.З. Пржино со два бода. Иако М.З. Пржино, бодовно, има заостаток од прво и второ пласираната екипа таа на своето конто има по три повеќе добиени партии од своите конкуренти што е уште еден показател за равноправноста на трите екипи. Иако М.З. Село Драчево бодовно заостанува зад големата тројка не смее да биде потценета од своите противници и сигурно е дека во плејофот ќе ја искористи својата шанса доколку истата ја добие.
Двојките во полуфиналето во плејофот, за шампионската шаховска титула за 2014/2015 година се М.З. Бирарија- М.З. Село Драчево и М.З. Пинтија- М.З. Пржино. Победниците во финалето ќе се борат за првото, а поразените за третото место. Натпреварите ќе се одиграат на 24 март 2015 (вторник), во големата општинска сала (барака 7) во 10 часот.
Инаку, во 18-тото коло се постигнаа следниве резултати:
М.З.11 Октомври (бараки)-М.З. Бирарија 1½:2½
М.З. Црниче-М.З. 11 Октомври (згради) 2½:1½
М.З. Населба Драчево- М.З. Пинтија 1:3
М.З. Село Драчево-М.З. Кисела Вода- 3:1
М.З. Пржино- Општина Кисела Вода 3:1
Заостанато 10-то коло:
М.З. 11 Октомври (згради)- М.З. Бирарија 1½:3½
КОНЕЧНА ТАБЕЛА:
- М.З. Бирарија 29 (47,5)
- М.З. Пинтија 28 (47,5)
- М.З. Пржино 27 (50)
- М.З. Село Драчево 21 (39,5)
- М.З. Кисела Вода 19 (39,5)
- М.З. 11 Октомври (бараки) 14 (29)
- М.З. Црниче 13 (32)
- М.З. 11 Октомври (згради) 11 (26)
- М.З. Населба Драчево 10 (21,5)
- Општина Кисела Вода 6 (23)