04/06 2015
Уништувањето на штетните глодачи ќе го врши ЈЗУ Центар за јавно здравје во соработка со ЈП Водовод и канализација и урбаните заедници од општината. Процесот на дератизација започна во Драчево, од каде во текот на наредните 10 до 15 дена ќе ги опфати сите останати месни и урбани заедници од Кисела Вода. Се предвидува да бидат опфатени вкупно околу 3230 шахти.