По поздравното обраќање, присутните, преку размена на искуства, се фокусираа на решавање на тековни проблеми во скопскиот регион. Беше иницирана промена на деловникот, при што беше договорено секој претседател да достави забелешка за измена. Комитетот ќе покрене и иницијатива за промена на статутот, со која тројца членови ќе имаат право на глас.
Претседателот на комитетот на совети при ЗЕЛС, Трајче Донев го заокружи состанокот со најава дека наредните состаноци планира да ги одржува во сите општини од скопскиот регион и во друите градови низ државата и потенцираше дека се надева на конструктивно учество и плодотворна соработка од сите претседатели на советите на општините, од поединечните региони.