Сезонските работници ангажирани од општината своите активности ги отпочнаа во урбаната заедница Расадник. Денес тие ја косат тревата во Кисела Вода, а потоа ќе се продолжи и во сите останати месни и урбани заедници ширум општината.
Се работи за редовна активност на Секторот за месна самоуправа која има за цел разубавување на овој дел од градот и овозможување на подобри услови за живеење на сите жители на општина Кисела Вода.