Учениците од ОУ “Партенија Зографски” заедно со своите наставници, ги презентираа своите изработки во рамки на претходно реализираната еко работилница. Потоа, беше остварена и посета на депонијата Дрисла, каде што преку презентација на видео - бим беа запознаени и им беше целосно презентиран процесот на селекција на отпадот.
Во сите останати училишта низ општина Кисела Вода, беа изведени предавања за подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина. Денот на планетата Земја за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.