Во своето обраќање пред граѓаните градоначалникот нагласи дека легализацијата на дивозиградените објекти ќе значи напредок како за локалната самоуправа, така и за жителите на општината.
-За општина Кисела Вода, ова значи чекор напред во во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, од што повторно бенефит имаат жителите на општината и бизнис заедницата, бидејќи со нив им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките – рече градоначалникот Беличанец Алексиќ.
Упатувајќи честика до присутните граѓани, таа ги повика и сите оние кои немаат поднесено барања за легализација на дивоизградените тераси, тоа да го направат што поскоро бидејќи се ближи крајниот рок за поднесување на потребната документација.
-Во овој момент, би сакала да апелирам и до сите граѓани кои поседуваат тераси пренаменети во станбен простор дека се ближи 30 јуни, кој е крајниот рок за поднесување на потребната документација за легализација на терасите. До овој миг, до општина Кисела Вода се поднесени 142 вакви барања.