Истото е лоцирано во близина на крстосницата помеѓу ул. “Михаил Чаков” и бул.”Борис Трајковски” ( веднаш до маркетот "Тинекс"). По свеченото отворање на игралиштето, ќе се одржи цветно дефиле на дечињата од основните училишта, предводено од градскиот пајтон и вовче, кое ќе започне пред ООУ "Кирил Пејчиновиќ", ќе се одвива по ул. ,,Народни херои,, до крстосницата со булеварот ,,Борис Трајковски и ќе финализира со културно-уметничка програма во паркот ,, Шопен” од страна на учесниците во дефилето.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.