Во своето обраќање пред присутните, таа потсети на сите технички воведени мерки кои доведоа до олеснување на процесот на легализација на дивоградби.
-Со цел да се подобри динамиката на решавање на предметите, општина Кисела Вода направи кадровското и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградби, зголемување на бројот на комисии кои излегуваат на терен и воведе практика за решавање на минимум 40-50 предмети на неделно ниво. Сепак, не би сакала да ја миноризирам и улогата на сопствениците на нелегално изградените објекти, бидејќи, за процесот на легализација да тече, тие мораат да достават комплетна документација до административните служби-истакна градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.
Додаде дека бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3318 и дека не треба да се чека на крајниот рок за комплетирање на документацијата бидејќи заокружувањето на процесот на легализација е заеднички начин да се придонесе за успешен развој на општината.