Директорот на ЈДГ„8 Март“, г-ѓа Габриела Стојановска во своето обраќање пред присутните се заблагодари на Македонскиот Олимписки Комитет за сите активности кои досега ги има помогнато.
Настанот со своето присуство го збогати претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, г-дин Васил Тупурковски.
Децата од воспитните групи од градинката преку активностите кои се реализираа за одбележувањето на „Светскиот Ден на Олимпизмот“ ги покажаа своите вештини преку спортските натпревари, ликовната работилница и музичките настапи.