Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Во ООУ „Невена Георгиева – Дуња “ се одржа „Недела на здравјето“

Минатата седмица, ООУ „Невена Георгиева – Дуња “ за учениците од прво до трето одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство, организираше „Недела на здравјето“.

Со почитување на протоколите за заштита на здравјето од вирусот Ковид-19, во училиштето се реализираа три едукативни работилници: „Патот до здрави заби“, „Другарување и учење во услови на пандемија“ и „Микроорганизми - Ковид 19“.

Стоматологот  д-р Марјан Стојановски на едукативното предавање на учениците им укажа што треба да прават за да имаат здрави заби. Тој им  покажа како правилно и колку пати е потребно да се четкаат забите. На крајот, Стојановски на децата им подели подароци за одржување на оралната хигиена, четки за заби, пасти и брошури од компанијата „Интердентал ДООЕЛ“.

За другарувањето помеѓу учениците и учењето во услови на пандемија, зборуваше психологот  Јасмина Дечков.

Од проф. д-р Милена Петровска (микробиолог, консултант во Биотек лабораторија) децата има можност да научат нешто повеќе и за опасностите кои ги носат вирусите, а и за тоа како да се заштитат од вирусот Ковид-19.

Во знак за благодарност за соработката, ООУ „Невена Георгиева Дуња“ на сопственичката на Биотек лаборатории, Анкица Синадинова Базерко и подари постер и цртеж, изработени од ученичката Калина Смилевска од IV а одделние.

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa