Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

  • Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Пионерките и младинките на „Јанта Волеј“ од Кисела Вода станаа државни шампионки

Пионерките на одбојкарскиот клуб „Јанта Форца Волеј“ од Кисела Вода на финалниот натпревар на пионерската джавна лига на Македонија, во Струмица со 3:0 ја победија екипата на „Пелистер“ од Битола, а во младинската државна лига на Македонија, младинките на финалниот натпревар кој се одигра во населбата Ченто, со 3:0 ги надиграа одбојкарките на „Пелистер“. Пионерките и младинките на „Јанта форца волеј“ станаа државни шампионки.

„Заслужено го освоивме првото место без изгубен натпревар, ниту сет во целата сезона. Во екипата имаме четири натпреварувачки кои се во пионерската репрезентација на Македонија.  И јуниорките надмоќно го освоија првенството. Голем дел од нив настапуваат за сениорската екипа, и пет во јуниорска репрезентација на Македонија. После освојувањето на двојната круна во сениорска конкуренција нашите младински екипи успеаа да се изборат за Ф-4 во сите конкуренции. Единствена екипа сме што некогаш успеала во сите конкуренции да биде во финалните натпревари: сениорките беа шампиони и освојувачи на Купот на Македонија, јуниорките (родени 2002 и помлади) се шампиони, кадетките (родени 2004 и помлади) на 6 јуни во Битола ќе играат на финален турнир, и пионерките (родени 2006 и помлади) се државни шамипони. Од пет титули освоивме четири, за петтата ќе играме - изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.

„Многу голема благодарност до Општината Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски, кои ни се голема поддршка во секојдневната работа со која дојдовме до ваков успех. Нормално со ваков обем на екипи две женски во прва лига, и машка екипа во прва лига, јуниорите го освоија третото место. Оваа сезона во пресрет ни излегоа и други субјекти како Општината Гази Баба и Градот Скопје. Благодариме на сите и се надеваме на продолжување на оваа убава и успешна приказна од спортскиот живот“ - додаде  тренерот на ЖОК „Јанта Волеј“.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa