Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Ѓорѓиевски на средба со УНДП: Aнгажирање на негуватели во градинките, прв од бројните договорени проекти

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со претставници од УНДП. На самиот почеток, тој им  се заблагодари за сите досега реализирани проекти во општина Кисела Вода. Потоа, направи кус осврт на планираното во претстојниот период и ги мапираше областите во кои е можна меѓуинституционалната соработка.

Од страна на присутните беше изразена подготвеност за продолжување, но и унапредување на досегашната соработка, со посебен акцент на реализација на проекти кои значат надминување на предизвиците со кои се соочуваат ранливите категории на граѓани, но и остварување на правата на младите лица.

Како прв проект од нововоспоствената соработка, е временото ангажирање на лица за дополнителна помош на негувателите во јавните детски градинки на територија на општина Кисела Вода, за што денес ќе биде објавен и јавен повик.

-Партнерството и поддршката од страна на УНДП, пред се’, во проектите од социјалната сфера, за кои денес дискутиравме, за жителите на Кисела Вода значат отворање на можности за подобрување на квалитетот на живот. Конкретно, на денешната средба повеќе се задржавме на проектите и активностите кои предвидуваат субвенционирана општо-корисна работа, како и на поддршката при спроведувањето на Законот за социјална заштита и Законот за младинска политика. Во таа насока, покрај претставниците на УНДП, присутен беше и претставникот на здружението Хуманост, кое ги обучува и лиценцира другите невладини организации за доследно спроведување на споменатите законски одредби. Денес договорената соработка, ќе донесе побрзо и полесно реализирање на целите кои се зацртани пред нас, а кои значат одговор на потребите на нашите жители. Она што сакам да го истакнам е дека уште денес започнуваме со реализација на договореното,  па така, уште попладнево, лицата кои поседуваат соодветна лиценца за негуватели, можат да се пријавувааат за времен работен ангажман во градинките низ Кисела Вода-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa