Насловна
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи шестата пленарна седница на 28 јануари 2022 година (петок) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
1. Предлог – Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2022 година;
2. Годишен извештај за работењето на Комисијата за имплементација на мерките за обезбедување, субвенционирање и поддршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективните станбени згради за тековната 2021 година;
3. Давање согласност на Измените на Годишниот план за вработување за 2022 година на Општина Кисела Вода;
4. Предлог - Одлука за додаток на плата поради прилагодување кон пазарот на трудот за вработените во Општина Кисела Вода;
5. Предлог - Одлука за определување на паричен надоместок на адмистративните службеници и на отстапените работници овластени да постапуваат во предметите за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, на административниот службеник овластен да потпишува акти во постапките за утврдување на правен статус на бесправни објекти и на членовите на комисиите за увид на самото место;
6. Предлог - Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2022 година бр.09-10907/31 од 30.12.2021 година;
7. Предлог - Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Снежана Јовевска;
8. Предлог - Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Марија Коцева - Стојчески;
9. Предлог - Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Љупчо Андреевски;
10. Предлог – Правилник за критериумите, постапката и износот на средства за доделување на еднократна парична помош;
11. Предлог – Одлука за именување членови на повремена Комисијата за доделување на еднократна парична помош;
12. Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.