Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

По три децении нова водоводна мрежа на улиците “Церска” и “Христо Узунов”

Голем, триесетгодишен проблем на жителите на Црниче започна да се решава денес. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалничката на Град Скопје и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, присуствуваа на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците “Церска” и “Христо Узунов”.

- Со реализацијата на овој проект се отстранува постоечката салонитна мрежа на која се јавуваат голем број дефекти заради нејзината дотраеност која е поставена пред повеќе од три децении и била наменета за мал број објекти, а денеска не ги задоволува потребите на постојната состојба. За жал, досега не биле преземени активности за реконструкција и проширување на хидротехничката инфраструктура согласно развојот што го овозможува деталниот урбанистички план за овој локалитет со што ЈП Водовод и Канализација овозможува подобро водоснабдување на жителите во овој дел од градот – изјави Арсовска.

-Денешниов настан претставува реализација на едно големо ветување до жителите на урбаната заедница Црниче. За помалку од два месеца, ќе добијат целосно реконструирана водоводна мрежа на улиците “Церска” и “Христо Узунов”, како и нејзино поврзување кон улицата Востаничка, со што се обезбедува циркулационен прстен за поквалитетно водоснабдување за жителите долж оваа траса. Воедно, Општина Кисела Вода ќе се погрижи жителите на овој дел на градот, покрај тоа што ќе добијат непречено снабдување со вода, без досегашните проблеми, да имаат и реконструирани улици што уште повеќе ќе го подобрат квалитетот на живеење.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa