Насловна
Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим ги продолжуваат посетите на месните и урбани заедници во општината. Согласно динамичниот план, утревечер (06.11.) општинските претставници ќе имаат средби со жителите на населените места Усје и Припор.
Први шанса да ги ислушаат проектите на општината и да ги презентираат комуналните проблеми со кои се соочуваат, ќе имаат жителите на Усје, кои во просториите на оваа месна заедница, со почеток во 18:30 часот ќе можат да присуствуваат на граѓанската средба.
Во 20:00 часот пак, раководниот тим од општината Кисела Вода ќе ја посети месната заедница во населбата Припор.