Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Благодарница и зголемена финансиска поддршка од Кисела Вода за шампионките од “Бадел 1862”

Новите шампиони во женска кошарка во Македонија, Бадел 1862, денес беа на прием кај градоначалникот на Кисела Вода. По минатонеделниот успех каде на гостински терен во Македонска Каменица, спортистките од најтрофејниот женски кошаркарски клуб во Македонија повторно запишаа победа и стигнаа до 14-тата вкупна освоена титула.

 -Големo e задоволството што токму државниот првак во женска кошарка е екипа од Општина Кисела Вода. Покрај, личниот и екипниот успех, девојките даваат голем придонес во развојот на спортот на територија на општината, но и на Македонија. Посветеноста, дисциплината, постојаната работа на самоусовршување и тримфот како завршница на оваа нивна приказна, се вредностите кои треба да ги развиваат сите млади лица и поради кои, тие ги заслужуваат сите почести. Денес им даваме благодарница за она што го направија за Кисела Вода и за сите млади и талентирани спортисти кои во нив се огледуваат. Дополнително, ја зголемивме сумата која Општина Кисела Вода ја доделува како финансиска поддршка на спортските клубови, кои даваат посебен придонес во афирмацијата на спортот во овој дел на градот. Од Општина Кисела Вода тие ќе добијат субвенција во износ од 250 000,00 денари, што е за 50.000 денари повисока сума од ланската. Им честитам и ним и на нивниот тим менаџер Љупчо Павловски, како и и на тренерот Перо Стамески и им посакувам да го задржат пехарот и во наредните години. На поддршката од Општината и од мене, како градоначалник можат секогаш да сметаат-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, кој им ја врачи благодарницата, а од нив доби медал.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa