Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Награди за тимот од Кисела Вода на Меѓународна конференција за образовен кадар од регионот одржана во БиХ

Тимот од ЈДГ”Весели Цветови” и ООУ,,Св.Климент Охридски”, во периодот од 20 до 23 октомври учествуваше на престижната Конференција во Требиње, БиХ.

Директорите, м-р Габриела Стојановска и Татјана Каранфиловска заедно со членовите на тимот: Клементина Петрушевска, Тања Петков и Билјана Петрушевска зедоа активно учество на настанот преку своите индивидуални и тимски постигнувања.

На образовниот саем, градинката и училиштето беа презентирани на изложбен штанд со рекламен материјал, рачни изработки, мотивациони пораки, како и изданија и фотографии од реализирани наставни активности од учениците и воспитно- образовни активности со децата од градинката.

На конференцијата тимот од градинката и училиштето се здобија со благодарници за учество на образовниот саем, сертификати за поддршка и афирмација на професијата во земјите на просторот на поранешна Југославија, диплома за најоригинални мотивациони пораки како тим “МАКЕДОНИЈА МОТИВИРА” и специјална награда со титула “НАЈДОБАР НАСТАВНИК ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА”,  доделена на Клементина Петрушевска, воспитувач во градинката ЈДГ “Весели Цветови”, преку избор на кој се учествува со реализирани активности, признанија и награди од областа на предучилишното воспитание и образование за деца од предучилишна возраст како и афирмација на професијата преку учество во проекти и настани за унапредување на раниот детски развој.

Голема е честа и привилегијата да се претставува својата татковина во регионот, а поддршката од соработниците и локалната самоуправа е од големо значење за нас, истакнаа нашите преставници. Додадоа дека нивната посветеност и успех е плод на меѓусебна поддршка, мотивација и соработка низ годините. Посебно му се заблагодарија на Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој застана позади тимот и преку најразлични проекти успешно работи на унапредување на воспитно- образовниот процес.

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa