Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

  

Насловна

Кисела Вода дел од Б40 мрежата на градови - лидери од Балканот!

Успесите и активностите на Општина Кисела Вода покрај тоа што се познати и признати во државата, веќе се признати и на меѓународно ниво. Од неодамна, Кисела Вода е дел од  Б40 Мрежата на градови, лидери од регионот, која функциоира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата.

 

Членовите на мрежата работат на подобрување на дијалогот меѓу локалните заедници, соработуваат на полето на културата, иновациите, одржливите политики и солидарноста, но и на  развивање на нови области на соработка, имајќи ги предвид ефектите од климатските промени и потребата од зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот.

-Задоволство и предизвик е да се работи и соработува со најдобрите од регионот, а со една заедничка цел, да креираме политики кои водат кон подобар и поквалитетен живот за нашите сограѓани. Нашата Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови од Балканот (B40 Balkan cities network) по претходно добиеното писмо од мојот драг колега @Κώστας Μπακογιάννης - Kostas Bakoyannis, градоначалник на Атина, со што ме информираше дека Кисела Вода и официјално е дел оваа мрежа за градење силно и трајно партнерство. Благодарност до градоначалникот Бакојанис, претседател на Б40 мрежата за овој мандатен период и постојаниот секретаријат во Истанбул.  Нашата општина како активен партнер, ќе учествува во работните групи како платформа за размена на идеи и постојни решенија на локално ниво, спроведување на заеднички студии, како и размена на најдобрите практики и работа на заеднички проекти-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

Мрежата Б40 е основана во 2021 година на состанок, чиј домаќин беше Истанбул.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa