Насловна
Конституиран е Советот на потрошувачите, како постојано тело на Советот во Општина Кисела Вода. Неговата задача е да ги застапува интересите и правата на потрошувачите, со што би се подобрил квалитетот на услугите на јавните служби во Општината.
За таа цел, ќе бидат поставени кутии во кои граѓаните ќе можат да ги остават своите забелешки, жалби, предлози и барања , а истото ќе можат да го сторат и електронски, преку апликацијата која ќе биде поставена на интернет страницата на Општина Кисела Вода. Советот на потрошувачи е составен од седум члена, претставници од месните заедници и од приватниот сектор. За претседател е избран Методија Таневски.