Насловна
На 24-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
-Усвојување на Записникот од 23-та пленарна седница;
1.Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во КП со број 5339/1 КО Кисела Вода 2;
2. Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош за семејства со новороденчиња на подрачје на Општина Кисела Вода;
3. Предлог-Одлука за именување на членови на Локален комитет за изработка и спроведување на Локален еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) на Општина Кисела Вода.