Насловна
Шаховската лига помеѓу месните заедници, за сезоната 2014/2015 година - заврши. Шахистите од МЗ Пржино се први шампиони на ова натпреварување во организација на општината и кое во иднина ќе прерасне во традиционално. Во финалето на плеј-офот, МЗ Пржино ја совлада екипата на МЗ Бирарија со 2 ½: 1½. Победи за шампионите забележаа Ристовски на третата табла во средбата со Котевски и Спировски на четвртата табла во дуелот со Јовчев.
Супермен, спајдермен, невести, доктори, ликови од најпознатите детски приказни, беа само дел од изборот на маски што дечињата од градинката “Синоличка”-ЈДГ “Весели цветови”-општина Кисела Вода ги избраа за себе во знак на Денот на шегата.
Повеќе: Дечињата од Кисела Вода со маски го одележаа Денот на шегата
Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со директорот на Агенцијата за Катастар на недвижности Славче Трпески и Претседателот на Советот на општината Трајче Донев, денес ја пресекоа лентата и го означија отворањето на постојана канцеларија на Катастарот во населба Драчево.
Повеќе: Во Драчево отворена постојана канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности
Ве покануваме да присуствувате на свеченото отворање на нови простории на Агенцијата за катастар на недвижности во населба Драчево.
Свеченото отворање ќе се одржи на 31.3.2015 (вторник) во Месната заедница на населба Драчево (ул. „Иван Хаџиниколов“ бр.6 ) со почеток во 10.30 часот.
По 21-ви пат, во општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ им додели еднократна парична помош на новите родители од општината, со што бројот на доделени ваучери се искачи на 934.