07/09 2017
Повеќе од еден час многуте посетители имаа можност да уживаат во прекрасната изведба на неколку македонски евергрини, но и на многу македонски народни песни, кои беа по желба на публиката.
Културното лето “Три круши 2017“ кое е во организација на општина Кисела Вода продолжува и следниот викенд. Веќе во петок на истата локација концерт ќе одржи групата Гезме, а во сабота публиката ќе ја забавува “Силви бенд“.