Посетителите во овој парк уживаа во одличниот перформанс на двете виолини и виолончело, кои практично ја започнаа музичката кариера како улични музичари преку проект на Градот Скопје. Денеска, триото “ОЛЕ” е реномиран македонски музички состав, кој редовно гостува во западноевропските земји. Класиците на Шопен, Штраус и Бах, еверегрините на Френк Синатра и македонските традиционални песни беа дел од широкиот репертоар на ова гудачко трио.
Забавата продолжува викендов на верско-рекреативниот центар “Три круши”. Во петок, со почеток во 21:00 часот, настап ќе имаат студенти од Музичката Академија и ученици од Средното музичко училиште - отсек Фолклор. Веќе в недела, во истото време на “Три круши” ќе настапи НУ Театар Комедија со претставата “Ах љубов моја – турска приказна”, во режија на Коле Ангеловски.
Влезот за граѓаните е бесплатен!!!