На оваа акција и претходеа активности за детектирање на сите ударни дупки на сервисните улици кои се во надлежност на општината, а беа земени во предвид и пријавите на граѓаните кои ја искористија апликацијата “Види пријави, поправи”.
Акцијата продолжува со санација на дупките паралелно во сите 14 месни и урбани заедници, за што на барање на општината, фирмата изведувач формираше оперативни групи кои дејствуваат во четири реони низ општината. За овие градежни активности од општинскиот буџет се одвоени 2 милиони денари.
По завршувањето на оваа акција ќе следат градежни активности за нивелирање на пропаднатите шахти на целата територија на општината.
Коментари